ФА „ЦВЕТОВИ“ ОД ДЕДИНО НА ТУРНЕЈА ВО ШПАНИЈА

Фолклорниот ансамбл „Цветови“ од Дедино се на турнеја во Шпанија, каде што настапија на фестивал со учесници од голем број на земји од светот.

После Полска, Турција, Франција, Русија нашите играорци од Дедино се единствените претставници од Македонија кој го претставуваат нашиот фолклор и традиција.

Тие имаа прекрасни настапи, на фестивалот во Калелја до Барселона, каде што на овој фестивал се претставуваат ансамблите со своите традиционални игри, песни и ора автентични за својата држава – Автентичната носија и добро изведените кореографии успејаа да ја освојат публиката и ги заслужија аплаузите, за време на нивните настапи – истакнуваат од ФА „Цветови“.





 


 






 

 



 




 

Погледнете повеќе

Повеќе информации