На 21.02.2025 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 17.30 часот во радовишкото село Подареш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.П., Б.П. и еден малолетник, сите од село Подареш, од една страна и Н.С. и Н.М., двајцата од село Воиславци, радовишко, од друга страна. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.02.2025 во 01.45 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го привеле М.И.(29) од Радовиш. Околу 01.30 часот на ул. „22 Октомври“ во Радовиш, тој физички нападнал малолетник од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 21.02.2025 во 10.52 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Радовиш, додека управувал патничко возило „сузуки“ со радовишки регистарски ознаки, на С.Ѓ.(70) од село Воиславци, радовишко, му се слошило и починал, по што со возилото излетало од коловозот и удрило во столб и паркирано патничко возило „форд“. Лекар од Итна медицинска помош Радовиш констатирал смрт кај возачот, која настанала како последица на срцев удар. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Извештај: СВР Струмица
-Фото Архива