На 03.07.2025 во 19 часот во Полициската станица Радовиш Б.И.(44) од село Коџалија, радовишко, пријавила дека околу 16 часот во село Коџалија нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од М.М. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.07.2025 во 23 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека во село Подареш, радовишко, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Х.(39) и А.Х.(21), двајцата од село Подареш.
Полициската станица Радовиш презема мерки за расчистување на случајот.
*фото Архива

