ФИЗИЧКИ НАПАД ВО РАДОВИШ, И СООДВЕТНИ МЕРКИ ЗА ЛИЦА КОИ НЕ ПОЧИТУВАЛЕ МЕРКИ

На 11.05.2021 во 18.00 часот во Полициската станица Радовиш, С.К.(60) од Радовиш пријавила дека околу 17.40 часот во Радовиш била физички нападната од Б.К. и Р.К., двајцата од Радовиш. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.  


Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден (11.05.2021 година) во периодот од 15.00 до 21.00 часот спроведе засилени контроли во областа на сообракајот. Притоа, биле констатирани 50 прекршоци, од кои 36 сторени од страна на возачи на мотоцикли, а 3 мотоцикли биле одземени. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.  


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (11.05/12.05.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 34 лица не ја почитувале, од кои 16 во Гевгелија, 12 во Радовиш и 6 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

 


На подрачје на СВР Струмица констатирани се 4 прекршувања на забраната за движење.

 

Извештај СВР Струмица

*Фото Архива

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 

 


 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации