Вчера на стадионот во Кочани пред повеќе од сто гледачи „Осогово“ го совлада „Детонит“ со 2:1 (2:1). Натпреварот се одигра по сончево и пријатно време за игра, a овој натпревар беше последен контролен на нашиот Детонит пред почетокот на продолжението од првенството, каде што нашите фудбалери се супериорни и немат пораз во есенскиот дел.