ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА ДЕНЕСКА ВО ОХРИД ПО НОВА ПОБЕДА И НОВИ ТРИ БОДА!

Шестото коло од Втора лига денеска ќе биде комплетирано во Охрид истоимената екипа на домашен терен ќе го пречека нашиот Детонит Плачковица, во ист термин ќе биде одигран и мечот меѓу ФК Кожуф и ФК Караорман, кој се игра во Гевгелија.

ФК Детонит во саботата забележа победа против фаворизираната екипа на ФК Пелистер од Битола која загуби на градскиот сатдион со резултат 1-0. Нашиот клуб е на четвртата позиција во Втората фудбалска лига со 13 бодови.

 

Натпреварот на ФК Детонит Плачковица кој ќе се игра од 14.00 часот., гледачите ќе можат да го проследат во живо на ФФМ.

Овие два натпревари беа одложени, поради тоа што играчите од Детонит Плачковица и Кожуф добија повик во аматерската фудбалска репрезентација на Македонија.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Погледнете повеќе

Повеќе информации