ФК Детонит, дебито во Втората фудбалска лига (Исток) во Сабота на 18 август, го започнува на домашен терен против екипата на ФК Борец од Велес.
Нашиот ФК Детонит, во изминатиот период имаше квалитетни подготовки, и повеќе контролни натпревари пред почетокот на новата натпреварувачка сезона каде што „Детонитци“ дебитираат.
ФК Детонит на кормилото го донесе искусниот Јанушев, а исто така се засили со квалитени играчи. Останува во сабота со почеток од 17.00 часот да бидеме на Градскиот стадион во Радовиш и го проследиме овој натпревар.
Втора фудбалска лига (Исток)
ФК ДЕТОНИТ – ФК БОРЕЦ
Сабота 18.08.2018 година, со почеток од 17.00 часот, на Градскиот стадион во Радовиш