Второлигашите паузата ја искористија за да одиграат пријателски натпревари.
Во Турново, Академија Пандев и нашиот Детонит Плачковица одиграа пријателски меч, кој заврши со триумф од 2:3 на нашиот клуб, двоен стрелец беше Ангелов за домаќините, додека пак за Детонит Плачковица голови постигнаа Аделин Казимов, Зоран Андонов и Дарко Алексовски. Ова е втор пријателски натпревар, и првиот исто така, заврши со триумф за Детонит Плачковица.
Нашиот клуб е на четвротото место на табелата во Втората фудбалска лига со 24 бодови, веќе во сабота Детонит Плачковица гостува кај лидерот ФК Гостивар во 13 коло од лигата.
*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови





