ФК Детонит кој е нашиот единствен претставник во Втората фудбалска лига, подготвен и смело влегува во првиот натпревар закажан за среда 25 Август во почеток од 16.00 часот.
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион со присуство на публика во ограничен капацитет (сите кои сакат да бидат присутни на стадионот задолжително да понесат „Сертификат“ за Ковид – информираа од ФК Детонит.
Инаку оваа сезона требаше да започне во саботата но поради технички работи беше одложено првото коло за оваа среда, во второто коло нашиот Детонит гостува во Пехчево кај ФК Кит Го, третото коло го дочекува тимот од Гевгелија, ФК Кожуф, потоа гостување кај Саса во Каменица, дома со Слога од Виница и во шестото коло гостува ФК Детонит во Кочани кај Осогово.
Да се надеваме дека нашите фудбалери се одлично подготвени и смело ке влезат во првиот натпревар освојувајки први бодови во оваа нова второлигашка сезона.








