Со завршувањето на регуларниот дел од сезоната 2021/22 познати се учесниците во Втората фудбалска лига, која од оваа година ќе биде единствена.
И покрај проблемите кои ги имаше нашиот клуб сепак на крајот успеа стручниот штаб, Претседателот Владимир Чачаров и тренерот Здравков да го најдат начинот преку кој нашиот клуб остана во единствената втора лига следната сезона, која се надеваме дека ќе биде на квалитет како првата фудбалска лига.
Од управата упатија честитки до сите фудбалери кои се заложија и дадоа се од себе во последните натпревари во Кочани и на градскиот стадион во Радовиш против екипата на ФК Саса, успеаа и докажаа дека местото им е во елитното второлигашко натпреврување.
Тие најавуваат во следната сезона нови засилувања и дополнување на дел од ростерот кој ќе ја предводи екипата – за високо котирање на табелата и борба за висок пласман.
Новата сезона ќе започне со шеснаесет екипи од кој нашиот ФК Детонит следната сезона ќе има предизвик и на градскиот стадион во Радовиш ќе ги гледаме ФК Пелистер, ФК Борец, ФК Беласица, ФК Слога Виница,ФК Саса, ФК Кожуф, ФК Пехчево, ФК Воска Спорт, ФК Вардар, ФК Гостивар, ФК Тетекс, ФК Беса Добри Дол, ГФК Охрид, и уште две екипи кои ќе изборат пласман со бараж од третата лига.
Честитки нашата редакција за менаџерскиот тим и екипата, ние секогаш ќе бидеме со Вас, и секогаш ќе ги следиме Вашите натпревари!
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови