ФК Македонија од Берн, Швајцарија каде што играат голем број на фудбалери од нашата општина во последното коло од 4 лига (3 група) извојува победа со 7-2 против SC Bümpliz 78, со што успеаа да го освои првото место и обезбеди пласман во повисок ранг на натпреварување во 3-та лига.
Инаку нам добро познатата ФК Македонија од Берн, каде што нашиот тим ФК Плачковица беше гостин и одиграа ревијален пријателски натпревар, е составена од фудбалери од нашите простори и успешно се организира и натпреварува во системот на натпреварување во Швајцарија.
Честитки од редакцијата на RadovisNews за освоената титула и пласманот во 3 лига.