Денес беше одиграна 20 коло од Втората фудбалска лига (Исток), од третиот круг на натпреварување.
ФК Плачковица денес на Градскиот стадион во Радовиш го одигра натпреварот против лидерот на табелата и веројатно новиот прволигаш ФК Борец од Велес.
Нашите фудбалери треба да жалат што не успеаа да ја совладат екипата на ФК Борец, кои во овој натпревар доминираа и покажаа дека заслужија да ги освојат трите посакувани бодови.
Може да се констатира дека имаше и една неправда од недосуден пенал за нашата екипа во 90 минута, а исто така фудбалерите на Плачковица не упеаа да реализираат уште една чиста шанса за постигнување на гол во самиот финиш од натпреварот.
ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК БОРЕЦ 0-0
ФК Детонит денес гостуваше во Пехчево, на домашната екипа ФК Кит Го.
Овој натпревар Детонитци треба да го запомнат затоа што понекогаш спортската среќа не е на страната на таа екипа која што има иницијативи и добра игра во текот на натпреаварот, потребна е и реализација. Нашата екипа ја имаше таа иницијатива преку целиот натпревар но не успеаа да реализираат, затоа домаќинот преку нашите грешки постига три погодоци и ги освои бодовите.
ФК КИТ ГО – ФК ДЕТОНИТ 3-0 (1-0)
Следното коло ќе биде едно големо градско дерби на нашите второлигаши, на Градскиот стадион во Радовиш ќе ги одмерат силите ФК Детонит и ФК Плачковица.