ФК ПЛАЧКОВИЦА РЕМИЗИРАШЕ СО ФК ТИКВЕШ

Во денешниот дерби натпревар од Втората фудбалска лига (Исток) нашата Плачковица ремизираше со екипата ФК Тиквеш.

Проверете !

Кавадарчани го отворија резултатот уште на самиот почеток во првото полувреме постигнувајки гол преку едно мало невнимание на одбраната на ФК Плачковица. До крајот на полувремето уште двапати се затресе мрежата на домаќинот. Овааа прво полувреме на ФК Плачковица беше едно од најслабото полувреме одиграно во оваа сезона со што гостите на паузата отидоа со 3-0.

Но овде не застанаа нашите фудбалери, второто полувреме беше во знакот на Плачковица каде што преку еден прекрасен гол од 30 метри го намалија водството. Нападите и фуриозноста на нашите фудбалери продолжија со што постигнаа уште два гола и резултат беше израмнет 3-3

На крајот нашите фудбалери имаа уште три шанси и една пречка за постигнување гол за водство но среќата не ги послужи со што натпреварот заврши 3-3.

https://www.facebook.com/radovisvesti/videos/1858304884243276/



 

Погледнете повеќе

Повеќе информации