• Услови за користење
  • Импресум

ФК ПЛАЧКОВИЦА СО НОВ ТРЕНЕР! ГОРДАН ЗДРАВКОВ НА КОРМИЛОТО ВО ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ

Поранешниот тренер на Работнички, Брегалница, Пелистер, Силекс и други клубови, Гордан Здравков е именуван за нов тренер на ФК Плачковица

Во потрага по нов предводник на нашата Плачковица официјално е постигнат договор  на раководството со Здравков да го предводи тимот од Радовиш во пролетниот дел од сезоната. Назначувањето на Гордан Здравков го потврдија од ФК Плачковица.

„Мислиме дека Гордан Здравков е најдоброто решение во овој момент за клубот. Искусен тренер со прволигашко искуство кој зад себе има забележителни резултати, секако му беше неопходен на тимот. Се надевам дека ФК Плачковица ќе игра значајна улога во продолжението од првенството, и ќе ги оствари зацртаните амбиции и цели“ – ни изјавија од ФК Плачковица.

Гордан Здравков е роден на 26 Април 1959 година, во Свети Николе. За првиот тим на Вардар дебитира во сезоната 1981/82. По едногодишна пауза, како стандарден првотимец во дресот со „црвено-црните“ бои, настапува во трите последователни сезони, во периодот од 1984 до 1986 година.

За најтрофејниот македонски клуб, Здравков има одиграно вкупно 185 натпревари и постигнато 57 голови. Како тренер има ангажмани во многу клубови во Македонија, Работнички, Брегалница, Пелистер, Напредок и др.

Поранешниот фудбалер на Вардар Гордан Здравков, е запеметен како човекот кој му „пресуди“ на романскиот Динамо од Букурешт, во меѓусебниот двомеч од рамките на Купот на УЕФА, во сезоната 1985/86. По поразот од 2:1 на првиот натпревар одигран на гостински терен, Вардар на реваншот во Скопје, токму со погодокот на Здравков успеа да дојде до минимален но доволен триумф од 1:0, за пласман во следната рунда.

 

Related Articles

Временска прогноза