ФК Борец пред своите навивачи славеше со резултат 3-0 против ФК Плачковица во натпреварот кој се одигра во саботата во Велес.
Со оваа победа Борец е на втората позиција и бараж за Првата лига каде што со -1 бод му е и Брегалница која исто така се бори за оваа позиција.
РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО
Кожуф – Брегалница 0-1
Тиквеш – Беласица 0-5
Победа Валандово – Осогово 3-5
Борец – Плачковица 3-0
Каменица Саса – слободна
ТАБЕЛА: Беласица 55 бода, Борец 47, Брегалница 46, Кожуф 34, Тиквеш 31, Плачковица 27, Саса 22, Осогово 19, Победа Валандово 10 бода.