ФК ДЕТОНИТ СО ПОБЕДА, ФК ПЛАЧКОВИЦА РЕМИЗИРАШЕ ВО НЕГОТИНО

Комплетирано 18 коло од Втората фудбалска лига (Исток)

ФК Детонит денес на градскиот стадион во Радовиш го одигра најзначајниот натпревар во оваа сезона против ривалот од долниот дел на табалета ФК Партизан од Обршани.

Нашите фудбалери денес не дозволија никакво изненадување, беа супериорни во текот на целиот натпревар. Со еден прекрасен шут на Александар Трајчевски и еден мал кикс на одбраната со автогол беше отворен резултатот во 25 минута во првото полувреме.

Во второто полувреме ФК Детонит исто така доминираше, уште во 7 минута Богдан Велиновски постигна еден прекрасен гол, а крајниот резултат го завери Александар Трајчевски во 25 минута од вториот дел.

ФК ДЕТОНИТ – ФК ПАРТИЗАН 3-0 (1-0)


ФК Плачковица во денешното 18 коло од Втората фудбалска лига гостуваше во Неготино, на ФК Вардар.

Во овој натпревар нашите фудбалери имаа голем број на шанси, но неуспеаа да реализираат и ги освојат трите посакувани бодови.

Сепак и овој еден бод е од големо значање на нашиот тим.

ФК ВАРДАР – ФК ПЛАЧКОВИЦА 0-0

 

 

 



 

 




 




Погледнете повеќе

Повеќе информации