• Услови за користење

ВО ЗНАК НА СЕЌАВАЊЕ „6-ти Ноември- денот на ослободувањето на град Радовиш“

СПОМЕНИКОТ НА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ

Радовиш — град во југоисточниот дел од Република Македонија. Градот е втор по големина во југоисточниот регион, сместен во подножјето на планината Плачковица.

Градот Радовиш за прв пат се споменува во 1019 год. во Грамотата на византискиот цар Василиј II а така се викала и средновековната жупа, што покажува дека градската функција потекнува од средниот век. Во тоа време Радовиш претставувал значаен регионален трговско-занаетчиски и рударски центар. Името на градот Радовиш е поврзано со името на средновековната кнегиња од словенско потекло, Рада, која живеела во тврдината над градот, чиишто урнатини се уште постојат.

На 22-ри Октомври 1944 година Германската фашистичка војска запалила поголем број на куќи во централното градско подрачје. Градот е ослободен на 6-ти Ноември 1944 година.

 

 




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза