ФУДБАЛЕРИТЕ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА БЕЗ МОТИВАЦИЈА ЗА ПОБЕДА

Без мотивација и желба за победа фудбалерите на ФК Плачковица им ги подарија трите бода на ФК Саса од Македонска Каменица.

ФК Плачковица денес на Градскиот стадион во Радовиш го одигра натпреварот од 7 коло од Втората фудбалска лига (Исток) и сеуште нема забележано победа на домашен терен – со која би ги израдувала верните навивачи кои секогаш се присутни и ги бодрат нашите фудбалери.

Денес се немаше желба и мотивација да се оствари победа против минатогодишниот аутсајдер ФК Саса кој среќно по откажувањето на ФК Детонит и ФК Дојранско Езеро кои требаше да бидат Второлигаши им се пружи шанса на ФК Саса и така тие се во оваа лига и оваа натпреварување сезонава.

Но сепак ФК Саса покажа дека во Радовиш е дојдена да победи и освои бодови, нашите фудбалери ја немаа таа мотивација, за жал цело прво полувреме го одиграа дезориентирано како да не се екипа, домашните фудбалери го дадоа макисмумот на овој натпревар додека „т.н“ засилувања не допринесоа за ништо да се сврти играта и негативата на ФК Саса која постигна гол уште на почетокот од натпреварот. 

Второто полувреме започна со тврда игра на двете страни со што беа доделени и голем број на картони, судијата имаше две грешни одлуки за судење на пенал во едена чиста акција од левата страна и пробивање нашиот Коцев Драги беше грубо фаулиран но судијата одлучи дека немало контакт. Втората ситуација беше од десната страна на теренот каде што при директен шут имаше контакт со рака од страна на гостинскиот играч но и во оваа ситуација не беше суден пенал.

ФК Плачковица не е баш на најдобар пат оваа сезона, фудбалерите како да немат мотивација и желба за победа, сите услови им се овозможени од страна на управата, тренинзите се редовни со кој работи навистина добар стратег Диме Тодоровски, но едноставно нешто не оди?  Да оставеме простор и ги увидиме следните натпревари и резултати, дали нашата сакана Плачковица ќе успеаа да се врати на правиот пат и ги израдува со победи верните навивачи кои во „срце ја носат“.

Сега за сега од четири одиграни натпревари на домашен терен ФК Плачковица има три порази и еден нерешен резултат, во целото првенство има уште една победа со вкупно освоени четири бода од седум натпревари.

Следното коло ФК Плачковица го игра повторно на домашен терен со екипата на ФК Осогово од Кочани.

ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК САСА 0:2 (0:2)

 




 






 



 





 

Погледнете повеќе

Повеќе информации