Црвен крст на Македонија – Општинска организација – Радовиш во рамки на одбележување на месецот на борбата против зависностите – ноември спроведе едукативно предавање за учениците во СОУ ”Коста Сусинов” Радовиш на тема Превенција од болести на зависности.
Учениците се запознаа со тоа што значи зависност, видови на зависности со акцент на дрогата, алкохолот и никотинот, штетни последици од нивно конзумирање и заштита од нивна употреба.
Работилницата беше спроведена од страна на Душко Ќосев -Помошник командир за јавен ред и мир и превенција.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови