ЦРВЕН КРСТ РАДОВИШ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ХРАНА И ЛЕКОВИ

Општинската Организација на Црвен крст Радовиш од денес, ќе биде на располагање на граѓаните од Општина Радовиш и Општина Конче, во задоволување на нивните потреби за набавка на храна и лекови.
Трошокот за набавката ќе биде на терет на самите граѓани а волонтерите ќе вршат набавка и достава до нивните домови.
Групата за подршка ги опфаќа сите стари изнемоштени лица,лица со посебни потреби,неподвижни лица,лица со инвалидитет и лица кои се во самоизолација.


Набавката ќе се врши секој работен ден од 8 до 16 часот а дистрибуцијата ќе биде само еден ден од неделата (петок), пријавувањето ќе биде на телефонските броеви: 072 277 177 или е-маил адресата: [email protected] – за Општина Радовиш, и тел: 077 990 – 101 за Општина Конче

Доставата ќе биде од страна на легитимни волонтери на ООЦК Радовиш при што при доставата ќе треба да ја покажат својата легитимација, а корисникот ќе треба да пополни изјава за вредноста на паричните средства.
Секој што сака да биде дел од тимовите мора да се пријави во Општинската организација на Црвен крст Радовиш ,и да стане легитимен волонтер.
Ова го правиме во насока на заштитување на населението од злоупотреба од страна на нелегитимни лица. Овие чекори ги преземаме во соработка со Општина Радовиш и Општина Конче се со цел за укажување на помош онаму каде е најпотребна.

Со почит,
Општинска Организација на Црвен крст Радовиш

 




 

Погледнете повеќе

Повеќе информации