• Услови за користење

ЧЕРНОЗЕМСКИ ВО МАРСЕЈ СО ПИШТОЛ ГО ЗАСТРЕЛА ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ КРАЛ АЛЕКСАНДАР ПРВИ КАРАЃОРЃЕВИЌ

На денешен ден 9 октомври во 1934 година Владо Черноземски од пиштол скриен во букет пукаше и го уби во Франција југословенскиот крал Александар Први Караѓорѓевиќ.

Во соработка меѓу македонските и хрватските револуционерни организации, Владо Черноземски извршил атентат врз југословенскиот крал Александар, поради неговата хегемонистичка политика на Балканот и кон Македонија.

Во почетокот на 1920-те години Черноземски се преселува во Банско, каде е извршувал задачи за Внатрешната македонска револуционерна организација, која била основана од Тодор Александров.

Владо Черноземски станал член на Внатрешната македонска револуционерна организација во 1922 и се вклучил во четата на војводата Иван Брло.

Во 1923-1924 година е во четата на Трајан Лакавишки. Како четник дејствувал во Штипско, Кочанско и Радовишко.

Учествувал во околу 15 престрелки со полиција и жандармерија во Македонија. Станал познат како еден од најдобрите стрелци на Организацијата, во акциите се истакнувал со храброст, ладнокрвност и дисциплина.

Во 1924 година Тодор Александров го повикува во Софија и оттогаш Владо Черноземски е на располагање на ЦК на ВМРО за извршување на специјални задачи. Смртта на Александров предизвикала серија на убиства сред македонското револуционерно движење и македонската емиграција.

Во атентатот што се случи во францускиот град Марсеј, Черноземски го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, а потоа жандармериските сили го убиле атентаторот.

Хегемонистичкиот режим на Кралството Југославија, на чие чело бил кралот Александар, Вардарска Македонија ја третирал како српска бановина, без право на национално самоопределување на Македонците и право на мајчин јазик.

 

Со смртта на кралот Александар станало јасно дека никаква забрана не може да го реши националното прашање во Југославија.

Атентатот во Марсеј останува еден од најважните историски документи од 20 век поради тоа што еден толку важен настан бил „фатен“ со камера. Самиот момент на нападот не е снимен, но на снимката се гледаат секундите по нападот, паниката и хаосот, како и сѐ уште живиот југословенски крал на умирање.


Related Articles

Временска прогноза