Секторот за внатрешни работи Струмица, Полициска станица од општа надлежност Радовиш на 02.03.2019 година во времето од 03:00 до 09:00 часот на планина „Плачковица“ спроведе активности за откривање на сторители кои вршат бесправна сеча на огревни дрва.
На место викано „Илиница“ атар на планина Плачковица се затекнати лицата Ш.А. Н.Б. Е.К. и С.А. сите од Радовиш кои во моторните возила имале натоварено бесправно исечени огревни дрва. Сторителите се лишени од слобода и приведени во Полициска станица Радовиш.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.