I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површинаод 568ха 26ар 74м² и тоа за следните региони во Република Северна Македонија:Валандово, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Струмица, Прилеп, Пробиштип иРадовиш.Податоците за земјоделското земјиште предмет на овој јавен оглас (за службеностии други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоцисодржани во имотниот лист) се во согласност со постоечката катастарскатаевиденција и увид во тие податоци може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на огласната таблаво подрачната единица на Министерството каде се наоѓа земјоделското земјиштекое е предмет на јавниот оглас.Листите со катастарски индикации на земјиштето кои го идентификуваат седадени во деталните прегледи во прилог на огласот. Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавеноглас е со намена за:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмел) и оранжерии запериод до 30 години,-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-подигање на маслинарници за период до 50 години,
-одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејстваза период до 15 години,
-ливади за период до 15 години,
-за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
-рибници до 20 години и-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица истрански правни лица.Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица,поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лицеимаат право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една понуда заучество.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/илизапишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговецпоединец на кои земјоделското производство или преработката на примарниземјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаатрегистрирано подружници во Република Северна Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделскотопроизводство или преработката на примарни земјоделски производи да им епретежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-Истражувачки дејности.Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврскитепо основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделскоземјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на:персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување. Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајнапостапка, како и непрофитните организации. Право за учество на јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште водржавна сопственост за површини до 3 хектари имаат лицата кои немаат склученоважечки договор за закуп со министерството за вкупна површина над десет хектари. Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може дабиде поголема од 3 хектари, ниту помала од големината на една катастарскапарцела односно блок.
Повеќе на веб страната на Министерство – www.mzsv.gov.mk
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови