ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ

 

Врз основа на член 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 10/20), член 5 од Одлуката за измени и дополнувања на Статутарната одлука за основање на Локален младински совет бр. 08-826/1 од 31.05.2021 година („Службен гласник“ бр. 7/2021) и Одлуката за распишување на Јавен повик за формирање на Локален младински совет бр. 09-891/10 од 26.07.2021 година, Општина Радовишповторно распишува

ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови за формирање на Локален младински совет

  1. Опис на јавниот повик: Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш повторно распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш.

Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.

  1. Право на учество: Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.

 

  • Потребни документи: Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:
  1. Портфолио на организацијата/групата/здружението
  2. Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението
  3. Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,
  4. Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите
  5. Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.

 

  1. Начин на поднесување на документите, рок и место: Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да ја поднесат потребната документација, секој работен ден од07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави:
  • во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7

 

Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на„Локален младински совет“.

  1. Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 11.2022 година до 20.05.2022 година (краен рок)
  2. Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел. 078 248 110,[email protected], лице за контакт Душан Хаџи-Василев.

 

Општина Радовиш

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации