• Информатор
  • Услови за користење

ЈП „НАЦИОНАЛНИ ШУМИ“ – ПОДРУЖНИЦА „ПЛАЧКОВИЦА“ – со известување за склучување договори за огревно дрво

Почитувани,

Ве известуваме дека Јавното Претпријатие Национални шуми-Скопје на својата  веб страница објави Повик за интерес за 2020 година, со кој се повикуваат сите заинтересирани купувачи на техничко и огревно дрво да се пријават на повикот и да достават барања за купување на потребните количини на дрвни сортименти.

Ве повикуваме Вие како синдикална организација, за потребите на вашите вработени, заинтересирани за снабдување со огревно дрво за грејната 2020/2021 година,  согласно Повикот за интерес, да аплицирате за склучување на купопродажни договори.

Цените се согласно Ценовникот на главни шумски производи на ЈП Македонски шуми п.о.Скопје бр.02-1170/2 од 05.12.2014 год.

                                                                                                                                      

Вид на огревно дрво Цена без пресметан ДДВ Цена со пресметан ДДВ
за m3 за м.пр. за m3 за м.пр.
Даб 2.970,00 2.079,00 3.505,00 2.454,00
Бука 2.870,00 2.009,00 3.387,00 2.371,00

             Овие цени се ф-ко склад на подружницата. Дополнителните трошоци, како што се превоз и растовар до местото на живеење се на  купувачот.                                                                

 

Повеќе информации во ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Плачковица“ Радовиш


 



Related Articles

Временска прогноза