Актуелниот Секретар на Општина Радовиш и Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Радовиш Љупче Почивалец е кандидатот од редовите на владејачката партија за Радовиш.
На денешната седница на извршниот комитет на партијата Љупче Почивалец беше именуван за кандидат за Радовиш од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а беше соопштено од генералниот секретар на партијата Ѓеоргија Сајковски.
Почивалец е дипломиран правник од Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје, со долгогодишно работно искуство. Започнува со стажирање во Основниот суд во Радовиш, подоцна ангажиран во Агенцијата за катастар и недвижности на Република Македонија, се вработува во ЈП Македонски шуми подоцна ја презема функцијата раководител на подружница ПШС ,,Плачковица” на ЈП “Национални шуми”.
На последните локални избори беше избран за советник во Советот на општина Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. А од истата 2021 година до денес е Секретар на Општина Радовиш. Роден 1981 година, оженет и родител на две деца.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




