• Услови за користење
  • Импресум

ЏАНКА СЛИВА: Вистинска органска храна!

Дивата слива не ја садите таа никнува сама во природата или пак во вашиот двор. Тоа значи дека семето на дивата слива не е лабораториски третирано и модифицирано.

Природата се погрижила за изгледот, вкусот и составот на плодовите на дивата слива и на сите други диво раснати растенија. Во текот на растењето плодовите не се третирани со никакви хемиски препарати  и за тоа се погрижила природата.

Што се однесува до вкусот дивата слива има експлозивен вкус од кисело и слатко. Кога ќе ја пробате веднаш си поставувате прашање какво  е ова прекрасно овошје бидејќи ги разбудува сите ваши чула.

Инаку оваа слива  силно антиоксидативно дејство. Содржи калиум, хранливи влакна, витамини, па дури и траги од магнезиум и железо. Во било кој облик, ова овошје е многу богато со хранливи состојки.

Од витамините содржи најмногу витамини Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Диеталните влакна на сливата помагаат при намалувањето на холестерол во крвта па со самото тоа, се заштитува срцето од кардиоваскуларни заболувања.

Сувата слива го регулира варењето, чисти организам од токсини, ја поттикнува работата на џигерот и бубрезите. Благодарение на големото количество на калиум и на малото количество на натриум, го подобрува мокрењето. Помага кај тегобите предизвикани од гихт и реуматизам.

Сливата се користи за правење сокови и компоти.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза