АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД „ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ“

Црвениот крст на Република Македонија како член на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција со организирање на превентивни активности се вклучува во одбележување на 18 октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе.

По тој повод денес 18.10.2019година (петок) се одржаа предавања на ученици од девето одделение од ООУ„Никола Карев“, ООУ„Крсте П Мисирков“ и ученици од втора година од СОУ„Коста Сусинов“ Радовиш, предавањето беше од страна на Помошник командир за јавен ред и мир и превенција од ПС Радовиш Душко Ќосев.

Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.




 





 



 



 





 

Related Articles

Временска прогноза