БЕДНО ИЗДАНИЕ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА

ФК Плачковица претрпе пораз од Партизан Обршани, иако влезе како фаворит во овој натпревар. Домаќините со еден удар кон голот „постигнаа два погодоци“.

ФК Партизан Обршани поведе во 3 минута од натпреварот со автоголот на Андреј Петковски, водството го зголемија во 53 минута, а единстениот погодок за нашата Плачковица го постигна Даниел Радојчиќ во 73 минута, со што намали на 2-1.

Се надеваме дека во наредното коло како домаќини успеат да му се спротистават на големиот фаворит во оваа сезона ФК Борец од Велес кој ни доаѓа на Градскиот стадион во Радовиш.

ФК ПАРТИЗАН ОБРШАНИ – ФК ПЛАЧКОВИЦА 2-1 (1-0)

 





Related Articles

Временска прогноза