БЕНЗИНИТЕ ПОЕВТИНИ, ДИЗЕЛОТ ПОСКАПЕ

Регулаторната Комисија за Енергетика донесе одлука за новите цени на горивата – од синоќа, бензините поевтинија додека дизелот поскапе.

Во согласност со методологијата за пресметка на цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за по 1.50 денари, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 59.00 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 61.00 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за половина денар, и еден литар дизел од вечерва ќе чини 50.00 денари.

Новите цени стапија на сила синоќа на полноќ.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза