„БУЧИМ” ДОБИ ДОЗВОЛА ЗА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА НОВОТО РУДНО ТЕЛО „БОРОВ ДОЛ”

Рудникот за бакар и злато „Бучим“ ја доби дозволата за екслопатација на руда од новото рудно тело „Боров дол“. Заменик менаџерот на „Бучим“ – Радовиш“, Николајо Николов, за МИА вели дека дозволата e продолжување на векот и работата на рудникот, а вработените да останат и на своите работни места.

– Во подготовките на рудното тело, изградбата на подвижната лента од „Боров дол“ до рудникот „Бучим“ и други градежни активности ќе чинат околу 53 милиони евра. Сите овие активности треба да се одвиваат во текот на 2019 година, а рудата да почне да пристугнува во 2020 година од „Боров дол“. Доколку тоа не се случи, може да има застој во работењето на „Бучим“ вели Николов.

Рудата која ќе пристигнува од „Боров дол“ на подвижната трака во должина од околу седум километри ќе се преработува во постојната флотација, а јаловината ќе се депонира исто така во постојното хидројаловиште.

Новото рудно тело „Боров дол“ се простира на територија на општините Конче, Штип и сосема мал дел е на Радовиш. Со стартот на експлоатацијата овие општини ќе добиваат и надомест од концесијата, која ја плаќа рудникот „Бучим“ на државата.

 

 





 

Related Articles

Временска прогноза