ВИКЕДОТ ШТО СЛЕДУВА УШТЕ ЕДЕН СПОРТСКИ ПРЕДИЗВИК ЗА НАШИТЕ КЛУБОВИ

Викедот што следува ќе претставува уште еден спортски предизвик за нашите спортски клубви, после успесите кои ги направија во претходното коло од нивните првенствени натпреварувања.

Ракометниот клуб Радовиш кој одигра еден брилијантен натпревар минатото коло против фаворизираниот РК Бутел во Скопје, но единствено спортската среќа и судиските незрели одлуки не им дозволија на нашите ракометари да ги донесат трите бода во Радовиш.

Нашиот клуб имаше три гола предност на паузата, но не успаа – беа несреќно победени со еден гол разлика. Оваа сабота од 19.00 часот ја пречекуваат во Радовиш екипата на РК Струга и овде имаат шанса да се поправата и трите бода останат во Радовиш.

 


Фудбалерите на Плачковица ќе го одиграт дерби натпреварот од 5-то коло во Втората фудбалска лига (исток) на Градскиот стадион во Радовиш ни доаѓа струмичка Беласица. 

ФК Плачковица после успехот од минатото коло и победата на гостински терен против довчерашниот прволигаш ФК Победа во сабота треба да покаже дека оваа сезона има тим за победување и котирање високо на табелата.


Во Недела продолжува Третолигашкото првенство, ФК Раклиш оваа коло е слободен, додека ФК Детонит го игра првиот натпревар и тоа на домашен терен во 15.30 часот против екипата на ФК Спартмани од Градски Балдовци. 

ФК Раклиш минатото коло беше супериорен во Берово победувајки го ФК Малеш, додека Детонитци во првото коло беа слободни.


Женскиот фудбалски клуб Плачковица исто така во сабота на домашен терен ќе го одигра првенствениот натпревар од Првата фудбалска лига. 

 

 





 







 






 

 



 




.

Related Articles

Временска прогноза