ВИКЕНДОВ ЌЕ БИДАТ ОДРЖАНИ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ „КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“

И оваа година, Радовиш ќе празнува во чест на макеодонскиот Рембо – Ацо Караманов.  Во деновите 22, 23 и 24 Ноември 2018 г.  Радовиш ќе биде макеоднски, но и балкански Олимп на поезијата  и ументоста. 

Центарот за култруа Ацо Караманов Радовиш во соработка со библиотеката Браќа Миладиновци од Радовиш и Друштвото на писателите на Македонија ќе реализара богата програма во која на еден мултимедијален начин –  со спој на сите уметности ќе се чествува ликот и делото на младиот македонски гениј – Ацо Караманов.

Како што е општо познато Ацо Караманов, херојски загинува на 9 Октомври 1944 година на само 17 години храбро, борејќи се за слободата на Макеоднија.  Тој е првиот модерен македонски поет, којшто особено вао македонската модерна поезија ги внесува импресионизмот и експресионизмот.

Во програмата на средбите ќе учествуваат триесетина уметници и поети – членови на ДПМ и гости од спет балкански земји, кои ќе се престават со врвни уметнички дела и креации. На централната манифестација на 23 Ноември ќе биде доделана и наградата за најдобра поетска книга по распишаниот анонимен конкурс од страна на средбите.

Во конкуренција од 40 поетски ракописи стигнати под шифра до Советот, овогодушен добитник на наградат Карманов  е поетесата од Словенија со македонско потекло Соња Цекова Стојаноска за стихозбирката „Разгранети мисли во пајажина„.

Во најтесен избор влегоа и стихозбирките на поетите: Даниела Андоновска Трајковска, Сузана Мицева и Михајло Свидерски. Советот на средбите за сите нив обезбеди вредни награди и признанија.

 





Related Articles

Временска прогноза