ВЧЕРА НАДМИНАТА 6.000 – КАКВИ ЌЕ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ГЛАСАЊЕ?

Борис Кондарко -Членот на ДИК,  во своето излагање за протоколите за избори рече дека на 13 јули избирачкиот процес ќе го спроведе Посебен избирачки одбор (ПИО), што ќе се состои од здравствени работници и претставници на политичките партии.

Според Кондарко, членовите на ПИО, ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач, односно толку пати колку што ќе одат да посетат домови на лица каде што ќе се гласа.

Бројот на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава надмина 6000, а и натаму продолжува трендот на трицифрен број новозаболени, како и секојдневниот црн биланс на пациентите кои ја губат битката со коронавирусот.

Од почетокот на месецов евидентирани се 3854 позитивни и 154 починати. Само четири дена беа со помалку од 100 дијагностицирани – на 1 јуни 89, на 2 јуни 76, на 9 јуни 87 и на 22 јуни 90. Рекордот на заболени беше на 13 јуни со 194, а најмногу умрени имаше на 20 јуни – 11.

Поголем е и бројот на активните случаи од излекуваните. Активни во моментов се 3479, а од корона се излекувани 2315. Починати досега се 286, од кои девет само во текот на вчерашниот ден. Вчера беа регистрирани 176 новозаразени, повторно најмногу во Скопје, 61, кое веќе неколку недели е најголемото жариште во земјава. Во главниот град досега има 2951 потврден случај, а активни се 1978. По Скопје, најмногу заразени има во Тетово 367, Куманово 283, Штип 176, Охрид 139, Струга 131 и во Ресен 92.

Без ниеден болен во моментов, според статистиката на Институтот за јавно здравје, се само Радовиш, Берово, Делчево и Виница.

Болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација треба да се пријават за гласање до Оштинската изборна комисија, преку полномошник, најмалку седум дена пред гласањето, односно до 8 јули на полноќ. Дотогаш за гласање треба да се пријават и другите болни и немоќни лица, а од за овие избори и лица со хронични болести. Оние што од 8 до 15 јули ќе бидат позитиви на Ковид-19 или лица што ќе мора да бидат во самоизолација нема да можат да гласаат на изборите. Рокот за пријавување за гласање на лицата во домашен притвор е 11 јули на полноќ.

Пред неколку дена ДИК изврши избор на членови на здравствените избирачки одбори. Формирани се некаде околу стотина, а во нивен состав се тројца здравствени работници и претставници на политички партии.

 

Зголемен број на заболени деновиве бележат и соседните земји. Во Србија вчера имаше нови 254 позитивни, во Бугарија 112, Косово, 96, Албанија 72, Хрватска 67,…

Пандемијата на Ковид-19 не стивнува ниту во светот. Бројот на заразени надмина 10 милиони, а повеќе од 500 илјади починаа. Најмногу заболени има во САД 2,6 милиони, Бразил, 1,26 милиони,  Русија 635 илјади и Индија 547 илјади.


 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза