ГАЗЕЛИТЕ  СО ДВЕ НАГРАДИ ОД „СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ“

Престижниот британскиот таблоид Daily Mail исто така објави фотографија од Газелите како и сторија за древните антички карневали во која е опишан ,,Македонскиот карневал во Струмица “- тримерските обичаи и карневалското ,,лудило” во Струмица за време на карневал.


Традиционално единаесета година по ред Студиото за модерен балет ГАЗЕЛИ од Радовиш е учесник на Меѓународниот Струмички карневал. Оваа година се претставија со кореографијата под маски насловена како ,,Тримерски порцелан“ , во категорија од 30 до 50 учесници со алегориско возило.

Изработката на маската траеше еден месец . Самите членови одржуваа секојдневни неколкучасовни работилници на кои се изработуваа реквизитите потребни за оваа прекрасна маска. На плоштадот во Струмица со големи овации од страна на присутната публика беше поздравено претставувањето кое што всушност беше љубовна бајка пропратено со прекрасна кореографија изведена од 49 учесници.

Во категоријата Б : Групна маска со 30 до 50 лица Газелите ја добија втората награда од стручното жири во висина од 500 евра. Исто така со втора награда беа наградени и во категоријата е за алегориско возило во висина од 300 евра.

Related Articles

Временска прогноза