ГОЛЕМ УСПЕХ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ„КОСТА РАЦИН“ ПОДАРЕШ

 На 27.03.2018 година во просториите на ООУ„Петар Поп Арсов“ Општина Карпош, Скопје се одиграа натпреварите од првата фаза од Државната училишна лига во одбојка за основни училишта од VIII и IX одделение во машка категорија. Овој турнир беше реализиран во склоп на Федерација на училишен спорт на Македонија, во фер и коректна атмосфера.

Погледнете !

Учениците од ООУ„Коста Рацин“ Подареш со извојуваната победа се пласираа во втората фаза од ова натпреварување, што всушност значи обезбеден пласман за полуфинале кое ќе се одржи во Битола на 11.04.2018 година.

Училишната одбојкарска екипа е составена од 12 ученици под раководство на Симеон Џеков. Ова претставува уште еден голем успех за учениците од ООУ„Коста Рацин“ Подареш, кои што како и многупати до сега покажаа дека љубовта кон спортот е голема, иако спортските активности како и часовите по физичко образование се одржуваат на отворено. Имено во ООУ„Коста Рацин“ Подареш нема спортска сала па учениците наставата ја изведуваат во училишниот двор директно изложени на временските услови (сонце, ветар, дожд, без парно и сл.). Очекуваме одговорните лица од Општина Радовиш, од Агенцијата за млади и спорт и од Министерството за образование конечно да изнајдат решение за решавање на овој проблем и училиштето да добие спортска сала.

 

Истовремено да се спомене дека учениците  од ООУ„Коста Рацин“ Подареш покажуваат  резултати и во натпреварите во знаење, па така ученици од ова училиште се пласирани на престојните Регионални натпревари по Биологија, Природни науки, Математика, Македонски јазик, Германски јазик …

 

ООУ„Коста Рацин“

Related Articles

Временска прогноза