ДВЕ СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ЗА ДВА ЧАСА НА ПАТОТ РАДОВИШ-ШТИП

Сообраќајна несреќа се случила синоќа во 21 часот и 30 минути на патот и излезот за село Љуботен, каде што според неофицијални и непотврдени информации имало починати и повредени.

Застој поради сообраќајна незгода на патот Штип-Радовиш имало до 00.30 часот, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едно излетало од патот, повикани биле и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Во рок од неполни два часа ова била втора несреќа, првата се случила по 19 часот во близина на селото Лакавица, а повредени биле 13 лица, од кои 11 се мигранти и две жени, македонски државјани. 

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според информациите, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата.

*фото Архива

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза