ДЕНЕС, ДОЖДЛИВО СО УМЕРЕН ВЕТЕР

Претежно облачно време со слаб до умерен ветер ќе преовладува денеска во државата. Претпладне особено на истокот од државата ќе има врнежи од дожд и повремено ќе дува засилен југоисточен ветер.

Дневната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 степени.

Температурата во Радовиш ќе достигне до 17 степени,  со краткотраен дожд и слаб до умерен јужен ветер. 

Најмногу дожд до седум часот утринава наврнал во Лазарополе – 54 литри на метар квадратен, а најмалку во Скопје пет литри на метар квадратен.

Најстудено утринава е во Маврово каде се измерени 4 степени, а најтопло во Дојран – 15 степени.

 




 





 



 



 





 

 

 

Related Articles

Временска прогноза