ДОПОЛНИТЕЛНИ ВРЕМЕНСКИ РЕГУЛАТИВИ

Од 26-тата седница на Владата: Донесени дополнителни ограничување на движењето на одредени категории граѓани; Утврдена е уредба за прифаќање и сместување на граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини во државните карантини

Со новата, дополнителна временска регулатива во рамки на полицискиот час кој е воведен за сите граѓани, постарите од 67 години ќе можат да се движат само 6 часа во денот, од 5 наутро до 11 претпладне, а младите до 18 години, само 9 часа – од 12 напладне до 21 часот.

Полицискиот час за сите граѓани важи со ново,пократко за еден час времетраење од 21 до 5 наутро. Ова се најновите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Македонија, донесени на поладневната седница на Владата. Овие мерки се за да се спречи физички контакт помеѓу најстарата група граѓани кои се најризичната категорија и најмладите кои најмногу го шират вирусот.

Постарите лица од 67 години ќе можат да се движат од 5 наутро до 11 часот. За тоа време ќе можат да ги купат неопходните работи. Младите до 18 гдини ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот.

Владата соопшти уште една одлука – полицискиот час е поместен од 21 часот до 5 наутро, заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови. Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март.

 

Извор: Влада




 

Related Articles

Временска прогноза