Европската награда за поезија „Ацо Караманов„ за познатиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон

ЗАПОЧНАА 46 те КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

Доделена Европската награда за поезија „Ацо Караманов„ која годинава му се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон, наградата му беше доделена од страна на Градоначалникот Герасим Конзулов.

Хусто Хорхе Падрон беше претставен од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска.

Карамановите средби започнаа со изложба на академскиот сликар Ниче Василев, потоа пслам за м-лле Лили и кореографијата „Перон„ со балетско студио Газели.

На свеченото отварање поздравно обраќање имаше Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, кој ги отвори овогодишните „Караманови поетски средби“.

Потоа беше одржана Беседа за Ацо Караманов од Стојан Тарапуза, а посетителите можеа да го слушнат книжевниот потрет на познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон, заедно со нашиот добро познат Ѓорги Калајџиев.

За на крајот Праизведбата на кантатата „Радовидение„ по повод „1000 години Радовиш„ , со музика: Стојан Стојков, стихови: Борче Панов, за што им беше и доделено признание.

Карамановите средби продолжуваат.




 


 


 

 


 



 

Related Articles

Временска прогноза