„ЗДРАВО ЖИВО БАБА МАРТА“ Mанифестација по повод 1-ви Март

 Денес општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ беше домаќин на манифестацијата „ЗДРАВО ЖИВО БАБА МАРТА“ која е дел од програмата на одбележувањето на јубилејот – 1000 години Радовиш.

Манифестацијата започна со настапот на нашиот кантавтор Јовица Илиќ со изведба на наградената композиција „Радовиш е само песна“ а веднаш потоа следуваше и двогласно пеење во изведба на женска пејачка група, како и беседата „Црвеното и белото – Љубов и векување 1000 години Радовиш“.

Градоначалникот Герасим Конзулов се заблагодари на присуството на претставниците од Министерството за култура, на примадоната во македонската опера и балет и наша сограѓанка, Милка Ефтимова и во своето поздравно обраќање истакна дека е особено среќен на големото учество на децата во изработката на мартинките како и на воспоставената соработка со пријателите од Република Бугарија.
Во продолжение следуваше драмолетката „Приказна за мартинката“ во режија на Гордана Здравковска. Настанот продолжи со трибина на тема „Мартинките во мотивите на народните обичаи во Балканската традиција“ на која свое учество имаа: проф. д-р Мито Спасевски на тема: Културолошки димензии на мартинките и рефлексијата во современата македонска литература, магистер Ивона Опетческа Татарчевска на тема : Мартинките во УНЕСКО.

На трибината учествуваа и гости од регионалната библиотека „Михалаки Ѓоргиев“ од Видин – Република Бугарија, Г-ѓа Адријана Цветкова која учествуваше со темата : Мартинката – длабоко вкоренета во Бугарската народна традиција и Г-ѓа Снежана Филипова која ја престави изложбата на рачно изработените мартинки од Бугарија.


Инаку во изминатите две недели во библиотеката беше организирана работилница на тема „Со бел и црвен конец сукаме мартинки“ на која учествуваа ученици од основните училишта во Радовиш и дечиња од детската градинка „Ацо Караманов“. Изработените мартинки беа изложени на самата манифестација со цел собраните средства од нив да бидат донирани во хуманитерни цели.

  ФОТОГАЛЕРИЈА

 



 





 




Related Articles

Временска прогноза