ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ОД ГРАД РАДОВИШ ПО ПОВОД ДУХОВДЕНСКАТА ЗАДУШНИЦА

Православната црква од Радовиш со известување до верниците по повод претстојните Задушница и Духовден.


Во известувањето се вели: Се известуваат православните верници од град Радовиш, дека по повод претстојните празници Задушница и Духовден, а поради забраната од страна на Владата за одење на гробишта, помените за починатите ќе се извршуваат во храмот Св. Пророк Илија ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ ДЕН (петок и сабота) почнувајќи од 7:00 – 15:00 часот (верниците ќе бидат услужени веднаш по доаѓањето во храмот во било кое време). Верниците нека носат пченица, леб и вино!


Се замолуваат верниците да ги почитуват мерките за превенција и заштита пропишани од Владата


 

Related Articles

Временска прогноза