ИЗЛОЖБА „РАДОВИШ НИЗ ВРЕМЕТО“

Во склоп на програмата „1000 години Радовиш“ вчера беше отворена изложбата „Радовиш низ времето“ на обработени стари фотографии.

Пред Центарот за култура „Ацо Караманов“, во придружба на „Распеани Радовишани“ беше отворена изложбата на стари фотографии од Радовиш, обработени од Васе Здравков.

На изложбата присуствуваше и Градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов кој веднаш потоа ја посети и изложбата од изработените илустрации на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“, во текот на вчерашниот ден изложбата беше посетена од голем број на наши сограѓани кои ги погледнаа фотографиите од стариот Радовиш, а оние повозрасните се присетија на некои спомнувани толкувања и историски моменти поврзани околу фотографиите и настаните кои беа претставени преку нив.

Изложбата е поставена и во текот на денешниот ден.

 




 

Related Articles

Временска прогноза