Интервју: ДИМИТКОВСКИ ЉУПЧО – Новиот тренер на ФК Плачковица

Почитувани читатели на RadovisNews, чест и задоволство ни е како гостин на порталот да го имаме Љупчо Димитковски-Гањо , нов  тренер на ФК Плачковица. Добро познат на радовишката и спортска јавност како човек кој долги години е со фудбалот, а преостанатиот дел од сезона на кормилото на нашата ФК Плачковица.

 

Интервју: ДИМИТКОВСКИ ЉУПЧО – Новиот тренер на ФК Плачковица

 

RadovisNews: Ве најавија како нов тренер на ФК Плачковица, пред вас претстои предизвик и натпревари преку кои треба да се врати ФК Плачковица на вистинската насока, кои се Вашите планови?

Љупчо Димитковски:

– Како прво да ги поздравам сите читатели на порталот RadovisNews, и сите навивачи и симпатизери на ФК Плачковица. Што се однесува за новиот работен предизвик како тренер, ќе направам се што е во рамките на моите можности од ФК Плачковица оваа година прво да создадеме респектабилен и силен тим кој ќе биде „тврд орев“ за сите противници во Втората лига (Исток), а воедно и да обезбедиме сигурен опстанок.

 

 RadovisNews: Познато е дека ФК Плачковица се соочуваше со проблеми. Очекувате ли вие и управата надминување и подобрување на овие проблеми. Започнувате со подготовките, дали за следната полусезона веќе имате подобар играчки кадар, има ли нови имиња ФК Плачковица?

Љупчо Димитковски:

-Во клубот покрај мене како нов тренер, сигурни засилувања се Лазар Пеев од ФК Тиквеш и Дамјан Ивановски од ФК Кожув, а во преговори сме со уште тројца нови фудбалери, и заедно со постоечкиот фудбалски кадар би требало да ги надминеме проблемите, но морам да нагласам дека не очекува тешка и макотрпна работа во следните четириесет дена до почетокот на првенството.

 RadovisNews: Пред почетокот на пролетниот дел од сезоната ФК Плачковица ќе одигра контролни натпревари. Дали тоа ќе ја комплетира сликата за потенцијалот и реалните можности на овој состав?

Љупчо Димитковски:

-Да, сега за сега имаме закажано сигурни два натпревари со ФК Беласица на 29 јануари, и со ФК Тиквеш на 15 февруари, а планираме да одиграме уште најмалку три натпревари до почетокот на првенството.

 

 RadovisNews: Ќе добијат ли поголема шанса домашните играчи и колку тие се вклопуваат во вашата визија за играта на ФК Плачковица?

Љупчо Димитковски:

-Секако дека домашните играчи се битен фактор за играта на ФК Плачковица, и сите ќе добијат шанса за докажување.

RadovisNews: Што ќе биде решевачко за успешен старт и избегнување на позициите кои водат во понизок ранг на натпреварување?

Љупчо Димитковски:

-Како прво треба екипата добро да се подготви-физички, паралелно покрај физичката подготовка ќе работиме и на техничко-тактички план и воигрување на екипата по линии, и нормално да имаме здрави фудбалери, бидејќи есенскиот дел ФК Плачковица ја пратеа многу незгодни повреди на клучни играчи за игра, надевајки се дека тоа е минато.

 

 RadovisNews: Кои се вашите цели и очекувања?

Љупчо Димитковски:

-Јас лично сум оптимист затоа што има потенцијал во овие фудбалери на ФК Плачковица, и заедно со новите ќе направиме една здрава средина, и да обезбедиме опстанок што побрзо.

 RadovisNews: Што ќе им порачате на читателите, љубителите на фудбалот и спортот од нашиот град?

Љупчо Димитковски:

-Како прво би им порачал оваа полусезона да бидат наш дванаесети играч на сите натпревари, а ние ќе им се одолжиме со добра и поштена игра.

Поздрав до сите искрени навивачи и симпатизери на ФК Плачковица.


 

Интервјуто го реализираше редакцијата на порталот RadovisNews

Радовиш – 19/01/2020 година.

 


 


Related Articles

Временска прогноза