КИНОЛОШКИ ВИКЕНД ВО РАДОВИШ И СТРУМИЦА

Кинолошко Друштво Фамилијарис од Радовиш, организира „Кинолошки викенд“ во Радовиш и Струмица, во Струмица ќе се одржи на 09 ноември во Градскиот парк, додека во Радовиш ќе биде на 10 ноември во Комплекс „Д-клуб“. 

Повеќе информации на следниот линк: 2 x CAC – Radovish & Strumica

Мисијата на кинолошкото друштво Фамилијарис, првенствено опфаќа промовирање на кинологијата и расните кучиња според FCI (светската кинолошка федерација), воедно организирање на изложби, како и размена на искуства со кинолошки друштва како од Македонија така и од странство.

Се разбира друштвото нуди можност за најразлични промоции на книги, списанија и литература, како би можела кинологијата да го добие своето место како стручно тело со искуство и вредносно значење.

Друштвото е предводено пред се од луѓе ентузијасти кои искрено се залагаат за добивање на квалитетни примероци на расни кучиња, а потребата од кинолошко друштво е само пат кон реализацијата на нивниот труд, ентузијазам,посветеност но пред се љубов кон најверниот човеков пријател – кучето.

 




 





 



 



 





Related Articles

Временска прогноза