КОЛЕ ЧАРАКЧИЕВ, КАНДИДАТ ЗА ПРАТЕНИК ОД РАДОВИШ НА ЛИСТАТА НА СДСМ

СДСМ и колалицијата вчера на својот 24-ти конгрес ги соопшти и кандидатите за пратеници со носителите на листите од шесте изборни единици кои ќе бидат за закажаните предвремени парламентарни избори на 12 април.

На листата на СДСМ во четврта изборна која го опфаќа југоисточниот и југозападниот дел е Претседателот на ОО СДСМ Радовиш, Коле Чаракчиев кој е на десетото место.

Коле Чаракчиев кој е  актуелен Претседател на Советот на општина Радовиш, роден 1957 година, со високо образование и завршен ЕТФ во Скопје

Изборната единица 1, ќе ја предводат Никола Димитров и Мила Царовска.

Изборната единица 2, ќе ја води Оливер Спасовски во тандем со Сања Лукаревска.

Изборната единица 3, ќе ја водат Љупчо Николовски и Јагода Шахпаска.

Изборната единица 4, Зоран Заев останува носител на ИЕ 4, заедно со Соња Мираковска.

Изборната единица 5, ќе предводи Радмила Шеќеринска заедно со  Јован Митревски.

Изборната единица 6, според Заев ќе има најмногу разновидност, истата ќе ја води претседателот на БЕСА, Билал Касами заедно со координаторот на СДСМ, Фаница Николовска.

 




 

Related Articles

Временска прогноза