КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ПРИЗНАНИЈА И ПЛАКЕТИ

Oпштина Радовиш објави Јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2019 година

  1. Се распишува јавен конкурс за доделување на традиционалните Шестоноемвриски признанија и плакети за 2019 година
  2. На конкурсот може да се јават сите заинтересирани правни и физички лица, организации од невладиниот сектор, образовни, спортски и културни установи и останати асоцијации на граѓани од општина Радовиш во сите сфери на општествениот и стопанскиот живот во општина Радовиш кои што постигнале вонредни резултати и успеси во својата дејност во 2019 год.
  • Потребни документи за поднесување се :

– Образложение за предлогот по Конкурсот ;

– Список на добиени награди и признанија во тековната 2019 година и копија од добиените награди (ако ги има добиено)

  1. Период за доставување на документите од 09.10.2019 година заклучно со 20.10.2019 год.

Документите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : По конкурсот за 6 Ноември 2019 год.

 

Повеќе за Конкурсот на страницата на општина Радовиш  КОНКУРС

 


 

Related Articles

Временска прогноза