КРЕАТИВНА ЛИКОВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИ

Во рамките на „Радовишка летна културна сцена 2018“, Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш организира Креативна ликовна работилница за млади под водство на познатиот сликар – Живко Поповски Цветин.

Со оваа работилница под мото „Цвеќето во македонската поезија и уметност“ библиотеката од Радовиш се вклучува во регионалниот проект Хортикултурни е-Библиотеки.

Содржината на работилницата ќе биде исполнета со креативност, фантазија, поезија, дружење и е наменета за деца и млади со цел развивање на знаењето за книжевноста, откривање на својата личност како потенцијален креативец, зголемување на свесноста за потребата од себеизразување, доближување на најзначајните македонски автори до младата популација преку поезија и уметност. 


Работилницата ќе се одржи на 10 јули од 17 – 19 часот и на 11 јули од 11 – 13 часот во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш.

Related Articles

Временска прогноза