КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА „ТЕШКА ТЕЛЕСНА ПОВРЕДА“

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против 22-годишниот М.Р. 40-годишниот А.Р. 43-годишниот Т.Р. и  53-годишниот А.З. сите од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ .

На 22.09.2018 година околу 19,45 часот во Радовиш на улицата „Шаин Маале“, пријавените, со патничко возило му го попречиле патот на Е.Д. кој управувал комбе “Мерцедес”, по што истите физички го нападнале и му нанеле тешка телесна повреда во пределот на главата- известуваат од МВР.





 

 

Related Articles

Временска прогноза