МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД БАЗЕЛ И ВИЕНА, ДЕНЕС ПРИСТИГНУВААТ СО ЧАРТЕР ЛЕТ

Македонски државјани кои се пријавени за хуманитарните летови се очекува денеска да пристигнат во земјава со летови од Виена и Базел.

Вчера имаше два чартер лета за нашите граѓани кои беа затекнати во Германија, кад е што во попладневите часови од Берлин слетаа 176 патници, 173 возрасни и 3 дечиња, а исто така чартер лет имаше и од Келн/Бон – овие лица беа сместени во Хотел Цар Самоил во Банско, Струмица.

Во летот на Визер кон Германија однесовме и странски државјани од Скопје. Во соработка со странските претставништва кај нас, им помагаме при репатријацијата во нивните татковини: Австрија, САД, Австралија, Чешка, Холандија, Малезија, Словачка, Унгарија…Таква соработка и солидарност ќе има и утре, на летовите кон Виена и Базел ќе однесеме странски, а дома ќе вратиме македонски државјани.

Организацијата/логистиката по слетувањето оди подобро од вчера (МВР најави одговорност за пропустот), но најбитно е доброто здравје, како индивидуалното, така и колективното – истакна Никола Димитров на својата ФБ страна.

 



 

Related Articles

Временска прогноза